Обрадовиќ: На Николиќ му ја посакувам најголемата среќа на светот

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, е задоволен од прикажната игра на неговите кошаркари кои го декласираа МЗТ Скопје со 53 поени разлика (120:67), а на тренерот на македонскиот шампион Драган Николиќ му посака среќа во битката за опстанок во АБА-лигата.

МЗТ Скопје по 15 кола е последен на табелата само со две победи и дури 13 порази.

„Од прват до последната минута игравме сериозно и честитки за играчите за неверојатните проценти и одличната игра. На Драган Николиќ му посакувам сè најдобро, има двајца нови играчи, а еден му се повреди и ќе го нема еден месец. Тоа не е лесно затоа што имаш нов тим, но му посакувам најголемата среќа на овој свет“, изјави Обрадовиќ.

- Оглас -

Најнови вести