Обрадовиќ се налути: Истата приказна ја слушам 35 години, кој мисли дека е лесно, нека дојде да проба

Кошаркарскиот тим на Партизан победнички ја заврши 2024 година откако во драматичен меч на свој терен славеше со 78:76 против Цедевита во АБА-лигата. Во еден момент од последната четвртина, Партизан беше во негатива од 14 разлика (52:66), но до крајот на мечот успеа да направи пресвет и да им донесе радост на своите фанови.

По мечот, тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, беше задоволен затоа што неговите играчи успеале да се вратат во игра и да победат, но имаше забелешки на дел од прашањата, како на пример: зошто во последниот напад на гостите, играчите на Партизан не правеле фаул, туку бранеа, а Цедевита имаше два шута за тројка за победа.

„Се разбудивме кога беше најтешко, губевме 14 разлика. Победивме со многу среќа, но среќата ги следи храбрите. Цедевита одигра одличен меч и честитки за нив. За финишот на мечот? Па зошто не прашавте зошто не правевме фаул на 20 секунди до крајот, кога беше нерешено. Ние се браневме, ја освоивме топката и дадовме лесен кош. Победивме. Ако не победевме, сигурно ќе имаше забелешки за тоа што одлучив како да одиграме во завршницата. Веќе 35 години го слушам тоа. Требаше вака или онака. Ете дојдете, седнете на клупата, па да видите колку е тоа лесно. Двапати одигравме одлична одбрана и направивме пресврт. Затоа сум презадоволен од тоа како реагираше екипата“, рече Обрадовиќ.

По 14 кола во АБА-лигата, Партизан е лидер со 12 победи и два порази, а ист биланс имаат и Будуќност и Црвена ѕвезда, додека дебитантот Дубаи е на третото место со скор од 11 победи и три порази.

- Оглас -

Најнови вести