Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, беше задоволен после убедливата победа над МЗТ Скопје, а го пофали и македонскиот првак.
„Беше одлична атмосфера во салата. Отворивме многу добро, а продолживме во ист ритам и понатаму. Бевме агресивни во одбрана како што сакав. Најсерозно се подготвувавме за мечот. На МЗТ му посакувам среќа, почеток е на сезоната, прерано е за заклучоци, не би давал прогнози, но МЗТ денеска се бореше до крај и покрај негативата, секоја чест за тоа“ – изјави Обрадовиќ.