Обрадовиќ удри навивач кој влезе на теренот пред да заврши финалето против Црвена ѕвезда (Видео)

Партизан е новиот шампион во АБА-лигата откако синоќа победи со 96:85 против вечниот ривал Црвена ѕвезда во одлучувачкиот петти меч. Во последните неколку минути, Црно-белите направија солидна предност и во финишот немаше неизвесност, а домашните навивачи почнаа да слават уште пред да заврши дуелот.

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, беше многу лут и буквално збесна кога на неколку секунди пред крајот виде еден навивач покрај него како скока и се радува. Обрадовиќ веднаш му даде „воспитна“ на навивачот и го натера да се тргне од паркетот за да заврши мечот на регуларен начин.

Веднаш потоа Матијас Лесор почна да го прегрнува Обрадовиќ и да се радува, но и тука искусниот стратег налутено побара неговиот играч да го пушти и тоа за да може да оди да се поздрави со тренерите на Црвена ѕвезда. Со овој потег популарниот Жоц само уште еднаш потврди дека е вистински господин и не сакаше веднаш да се радува, туку да даде респект кон противникот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести