Обвинителството бара Дани Алвес да добие затворска казна од 9 години!

Бразилскиот фудбалер Даниел Алвес би можело да заглави дури девет години во затвор, ако судот во Барселона го прифати барањето на обвинителството Алвес да добие деветгодишна затворска казна и на жртвата на неговото силување да ѝ плати 150.000 евра.

Алвес е обвинет за силување кое наводно го направил во тоалет во еден ноќен клуб во Барселона на 30 декември минатата година. Дани уште од јануари е зад решетки, во притвор, и чека расплет, а во меѓувреме го остави и неговата сопруга.

Бразилецот во својот последен исказ призна дека имал сексуален однос со девојката, но дека тоа не било против волјата на девојката.

Судењето и пресудата би можеле да бидат во првите три месеци од 2024 година. Има опција и Алвес да признае вина и да се постигне договор со оштетената страна, што значително би му ја намалило казната.

- Оглас -

Најнови вести