29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Обвинителството ги откри првите резултати од истрагата за смртта на Марадона

Светот на фудбалот на 25 октомври остана посиромашен за еден од најдобрите на сите времиња. На 60-годишна возраст почина Диего Армандо Марадона. Легендарниот Аргентинец почина од срцев удар и тоа само 15-тина дена, по операцијата што ја имаше на главата.

Обвинителството почна истрага околу смртта на Марадона и денеска се познати првите резултати, кои велат дека постоела голема неорагизираност кај оние кои требало да се грижат за неговото здравје.

„Никој не се грижел за пациентот и лекарите не покажале доволно внимание. Состојбата на пациентот не била следена како што барала неговата состојба. Не добивал никакви лекови за срцето. Неговиот личен лекар Леополдо Луке бил координатор на куќната нега, кога била неорганизирана. Пациетот слепо верувал на својот лекар. Луке бил избор на Марадона, а лекарот сакал да влезе во историјата како човек кој успеал да го спаси легендарниот фудбалер“, стои во соопштението на обвинителството.

Според овој извештај, може да се случи Луке, но и уште некои други луѓе на крајот да завршат во затвор поради смртта на Марадона.

- Оглас -

Најнови вести