Почна Европа Лигата – Легија во последен миг ги казни утките на Спартак

Спартак Москва и Легија одиграа лош премирен меч во новата сезона во Европа Лигата, а гостите сепак се радуваа на победа со погодок во судиското продолжение.

Домаќините беа нешто поактивни и имаа повеќе шанси, но не погодија, па ривалот од Варшава ги однесе бодовите од Москва со голот на Лирим Кастрати во 91. минута.

Ларсон имаше убава шанса да му донесе предност на Спартак во првото полувреме, но голманот на Легија, Артур Боруц му го одбрани ударот.

Фудбалерите на домашниот тим во две прилики бараа пенал, а судијата Дабановиќ не покажа на белата точка. Најзрелата шанса за Легија ја имаше Емрели во 78. минута, но ја погоди рамката на голот на домаќините што го бранеше Максименко.

Сепак неговата утка ја корегира Кастрати со гол во судиското продолжение за прва победа на Легија во Ц групата, каде играат и Наполи и Лестер.

Останатите натпревари од првото коло во фазата по групи се играат утре.

 

- Оглас -

Најнови вести