Очај во Лондон: Кристал палас е пред исфрлање од европските купови!

Кристал палас дојде до историски успех со освојувањето на англискиот ФА куп и пласманот на меѓународна сцена. Сепак, славењето може да се претвори во очај за клубот од Лондон, и тоа поради правилата на УЕФА, кои не дозволуваат екипи со иста сопственичка структура да играат во исто натпреварување.

Американскиот бизнисмен Џон Текстор поседува 43% од акциите на Кристал палас, но е мнозински сопственик и на Лион. Можно решение беше екипата да се префрли во Конференциската лига, но таму проблемот е данскиот Брондби, каде што еден од сопствениците е Дејвид Блицер.

На крајот може да се случи нивното место во Европа да го заземе Брајтон, а последниот состанок помеѓу УЕФА и Кристал палас ќе се случи во вторник, по што ќе биде позната и судбината на нивниот европски настап.

Според правилата, доколку екипите имаат исти сопственици, предност ќе имаат оние со подобар пласман. Брондби беше трет во Данска, Лион шести во Франција, а Кристал палас 12-ти во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести