Очајна игра на МЗТ, со четири поени во четвртина не се победува

Екипата на Гостивар пред своите навивачи со 60:55 го победи МЗТ Скопје Аеродром во меч од 17 коло на Прва кошаркарска лига на Македонија. За Гостивар ова е само шеста победа и е на поретпоследното место на табелата. Шампионот МЗТ го претрпе четвртиот пораз сезонава во домашниот шампионат.

МЗТ започна силовито и поведе со 13:0, но тоа не беше знак дека домаќините ќе се предадат. До крајот од првата четвртина Гостивар ја намали негативата на само шест разлика (15:21). Од крајот на првата четвртина и почетокот на втората четвртина Гостивар направи серија од 16:0, па поведе со 29:21, но потоа следуваше подобра игра на скопјани и на полувреме се замина со резултат 33:35.

Третата четвртина беше историски очајна за МЗТ. Аеродромци водеа со 39:38, а потоа Гостивар со низа од 9:0 стигна до 47:39. Шампионот МЗТ во оваа четвртина постигна очајни четири поени.

Гостивар поведе и со 59:49 на почетокот на последната четвртина, но МЗТ се врати и стигна до 51:51 на три минути до крајот и 53:53 во пресрет на последната минута, во која кошаркарите на Гостивар беа посмирени и на крајот се радуваа на победa.

- Оглас -

Најнови вести