Јувентус синоќа ги заврши настапите во Лигата на шампиони, иако ја имаше фаворитската улога против Порто. Италијанскиот првак беше елиминиран, откако во реваншот, по 120 минути игра, победија со 3:2, но тоа не беше доволно за да одат во четвртиналето.
Кристијано Роналдо беше во центарот на вниманието, но не поради погодоци, туку поради неговиот бесмислен потег, за лошо да се постави во „живиот ѕид“ кога гостите го постигнаа голот за 2:2. Португалецот едноставно се уплаши од топката и скокна и се сврте со грб, а топката помина токму под неговите нозе и заврши во мрежата.
Многумина го критикуваа Роналдо дека тој е главниот винивник за елиминацијата на Јувентус, но не само поради тоа што е „виновник“ за израмнувањето на 2:2, туку и поради фактот дека Кристијано не даде ниту еден гол во двомечот со Порто.
Ова е прв пат во последните 16 сезони, Роналдо да не даде погодок во осминафиналната фаза од Лигата на шампиони.