Манчестер јунајтед веќе со години е далеку од блескавите оменти што ги имаше додека беше под водство на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Никако не успеаа Црвените ѓаволи да создадат тим кој ќе биде конкурентен за освојување на трофеи.
Во последните неколку сезони беа потрошени преку милијарда евра, но Манчестер е далеку од врвот во Премиер лигата.Токму затоа уште се бараат соодветни решенија на одредени позиции.
Во 2020 година на „Олд Трафорд“ беше доведен Алваро Карерас од школата на Реал Мадрид. Се чинеше дека тој млад играч ќе биде решение за левата бековска позиција. Сепак, Карерас не доби никаква шанса и воопшто не заигра за Манчестер, па беше продаден во Бенфика и тоа за шест милиони евра.
Карерас во Бенфика покажа дека има квалитет. Се промовираше во стандарден и во 47 меча кои ги одигра постигна дури и четири голови, а имаше и пет асистенции. Тој е дел и од репрезентацијата на Шпанија за играчи до 21 година.
Манчестер јунајтед сега има потреба од лев бек, па фокусот е на Карерас. Играчот кој го продадоа само за шест милиони евра, сега може да го вратат, но само ако платат 20 милиони евра. Едноставно ова е уште еден доказ за лошата трансфер политика што ја води гигантот од „Олд Трафорд“.