Челзи и Манчестер сити имаа по 26 бода во пресрет на нивниот денешен меч. Иако Челзи ја имаше предноста на домашен терен, Сити по брза постапка го реши дербито. Во период од 18 до 34 минута, Граѓаните преку Гундоган, Фоден и Де Брујне, дадоа три гола и ги решија сите дилеми околу победникот. До крајот на мечот, Челзи даде самопочесен гол за конечни 3:1 за гостите.
Со овој пораз Челзи ја продолжи лошата низа и сега има освоено само четири бода во последните шест меча. Поради овие резултати, се погласни се шпекулациите дека тренерот Френк Лампард во најскоро време може да добие и отказ. И пред денешното дерби се споменуваше дека Томас Тухел се подготвува да седне на клуптата на тимот од „Стемфорд Бриџ“, а по овој пораз, тоа е уште поверојатно остварливо.
За тоа колку беше доминантен Сити на денешниот меч покажува и статистиката која вели дека гостите имале дури 17 удари кон голот на Челзи од кои шест биле во рамките. Челзи имаш само два удари во рамките на голот на противникот.