Очајнички предлози на Англичаните, Премиер лигата да се игра само на „Вембли“

По НБА-лигата, која има опција сезоната да се доигра само со мечеви во Лас Вегас, шпанската фудбалска лига на Канарските Острови, италијанската во Рим, сега и кај Англичаните се појави идеја сезоната да се доигра на еден ист стадион. Изборот паднал на лондонскиот „Вембли“. На истиот терен би се играле дури по четири меча секој ден, што многу негативно ќе се одрази врз тревата.

Нема датуми кога би продолжила Премиер лигата, можеби се чека новиот состанок на УЕФА на 24 април и потоа Англиската фудбалска федерација да реши како понатаму. Многумина се надеваат дека сезоната во Англија ќе продолжи во мај, но пореална опција во моментов е јуни.

Единствена работа што е сигурна е дека мечевите ќе се играат пред празни трибини. Кога веќе нема да биде дозволено присуство на публика, а како крајна мерка за спас на сезоната, во преден план излегува идејата сите средби да се играат на еден ист стадион. Изборот паднал на култниот „Вембли“ во Лондон. Најголем проблем е што распоредот ќе биде згуснат, ќе се игра јуни и јули бидејќи екипите треба да одиграат уште по 9-10 меча.

- Оглас -

Најнови вести