32.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Очајниот Голден стејт не е фаворит против Чикаго, Јокиќ треба да постигне најмалку 24 поени (Фото)

Вечерната НБА-програма содржи десет натпревари за кои Sport Life подготви по 156 комбинации за играње.

Шампионот Денвер нагетс игра против Њу Орлеанс пеликанс и е голем фаворит за победа, со која би ја продолжил потерата по двата најдобри тима во Западната конференција, Оклахома сити и Минесота. Квотата за триумф на Денвер изнесува 1.38, а бидејќи се очекува победа, основната граница на хендикепот е 8,5 поени разлика со квота од 1.95.

Одлична е и границата на поени за Никола Јокиќ и изнесува 24,5. Оваа граница е примамлива иако против себе како противници во рекетот ќе ги има Зајон Вилијамсон и Јонас Валанчиунас.

Интересно е што тимот кој освои четири титули во последните осум сезони, Голден стејт вориорс, игра очајно и не е фаворит ниту против Чикаго булс, каде што има лоша атмосфера во соблекувалната.

Голден стејт е 12-ти во Западната конференција со учинок од 17 победи и 20 порази, иако во тимот играат едни од најдобрите играчи во НБА-лигата, Стеф Кари и Клеј Томпсон, а не помогна многу ниту враќањето на Дрејмонд Грин по одлежаната суспензија.

Во таборот на Чикаго пак има лоша атмосфера во соблекувалната бидејќи сè погласно се зборува за размена на ѕвездите Зек Лавин и Никола Вучевиќ, но и покрај тоа, квотата за триумф на Биковите изнесува 1.64.

Лесни победи се очекуваат од Минесота, која игра против Портланд, како и од Хјустон, кој ќе игра против најслабиот тим во лигата, Детроит пистонс.

Покрај стандардните игри, тука е популарната игра „плус-минус“ поени за кошаркари. Вечерва има 59-мина кошаркари за кои може да погодувате дали ќе ја надминат или не предложената граница.

 

- Оглас -

Најнови вести