Ливерпул го победи Лестер со 1-0, по што Лисиците и официјално во следната сезона ќе играат во Чемпионшип.
Лестер на свој терен нема дадено премиерлигашки гол уште од 8-ми декември, серијата е девет меча по ред, и тоа е негативен рекорд во историјата на елитниот англиски фудбал.
Црвените од Ливерпул до победата дојдоа со гол на Трент Александер-Арнолд кој влезе во игра пет минути пред да ја затресе мрежата во една хаотична ситуација во 16-никот на Лестер. Така Ливерпул ја продолжи серијата да дава гол на секој гостински меч сезонава во Премиер лигата.
Сега Ливерпул е на само два бода од освојување на својата 20-та шампионска титула. Веќе в среда ќе имаат шанса да обезбедат титула, ако Арсенал загуби од Кристал Палас. Доколку не, тогаш ќе треба да го победат Тотенхем следната недела.