Унион Берлин – Шалке (фудбал, Германија, 15.30 часот)
Овој меч и за едните и за другите е шанса за излез од кризата. По продолжувањето на сезоната, Шалке нема освоено ниту еден бод во четирите кола, а Унион Берлин има освоено само еден бод, што истотака не е за пофалба. Берлинци дома не победиле од 25 јануари, додека тимот од Гелзенкирхен од 23 ноември нема триумф на гостински терен. Типуваме дека барем едниот тим нема да даде гол.
Предлог тип: НГ (1.91)
Аугсбург – Келн (фудбал, Германија, 15.30 часот)
Соседите на табелата се наоѓаат малку над опасната зона и бодовите им требаат. Келн не знае за победа во мајските мечеви, има два порази по ред, а Аугсбург во четирите кола победи само еднаш. Келн е тим кој многу ретко игра нерешено на гостувањата (само еднаш сезонава), а на гостувањата кај Аугсбург, Јарците не славеле од 2008 година.
Предлог тип: 1 (2.65)
Волфсбергер – ЛАСК (фудбал, Австрија, 17.00 часот)
ЛАСК киксираше во минатото коло, па второто место на табелата му го препушти на Волфсбергер кој полека ја стабилизира формата и освои седум бода во последните три кола. Традицијата е на страна на гостите од Линц. ЛАСК или победува или ремизира на последните пет лигашки гостувања кај Волфсбергер и тоа треба да се има во предвид при типувањето.
Предлог тип: Х (3.35)
Шахтјор Солигорск – Енергетик БГУ (фудбал, Белорусија, 19.00 часот)
Ова е дерби на колото, бидејќи се среќаваат четвртиот Шахтјор и третиот Енергетик. Тимот од Солигорск има примено само три гола на 11 меча сезонава, шест кола по ред се без примен гол и затоа типуваме дека вечерва ќе биде тврд меч и дека нема да има повеќе од два гола. Енергетик е незгоден гостин кој често и дава и прима голови, а лани победи со 4-3 на гостувањето во Солигорск.
Предлог тип: 0-2 гола (2.25)
ПАОК – Олимпијакос (фудбал, Грција, 20.00 часот)
ПАОК ќе се обиде да извојува победа која ќе биде пирова, бидејќи откако на солунскиот тим му беа одземени седум бода, трката за титулата е загубена. Олимпијакос нема пораз во 26 кола сезонава, но на 4 март ја почувствуваа горчината на поразот од ПАОК во купот и оттогаш немаат играно ниеден меч. Олимпијакос има примено само девет гола. Овие ривали од 2012 не одиграле нерешено на „Тумба“, а проблем за ПАОК е што се игра без публика.
Предлог тип: 2-3 гола (1.98)
Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:
Унион Берлин – Шалке Х2 & 2-5 (2.45)
Хартберг – Салцбург ГГ & 4+ (2.40)
Аугсбург – Келн 1-2 I & 1-2 II (2.90)