Очајно издание на Индијана, Бостон води 1-0

Бостон селтикс поведе со 1-0 во серијата против Индијана пејсерс откако на домашен терен „келтите“ славеа со конечни 84:74. Иако важи за еден од повозбудливите парови во разигрувањата, неочекувано мечот во „ТД Гарден“ заврши со мал број поени.

Индијана подобро го започна мечот и по две четвртини имаше преднос од +7 поени. Меѓутоа, во НБА тоа не значи ништо, а Бостон со цврста одбрана во третиот период направи голем чекор кон првата победа. Гостите постигнаа само осум поени во 12 минути, а сето тоа го искористија „келтите“, кои потоа го зададоа последниот удар.

Ирвинг и Морис реализираа по 20 поени од редовите на Бостон, додека Хорфорд заврши со дабл-дабл од 10 поени и 11 скока. Во очајното издание на Индијана најсветла точка беше Жозеф со 14 поени.

- Оглас -

Најнови вести