Очајот на Манчестер ј. продолжува: Не можеа да погодат на празен гол, па загубија (Видео)

Вест хем со гол во 90+2 минута стигна до победа против Манчестер јунајтед, во меч од 9 коло на Премиер лигата. За Вест хем ова е само трета победа и сега стигна до 11 бодови и 13 место, прескокнувајќи го токму денешниот ривал од Манчестер.

Во првото полувреме Диего Дало промаши нешто што е многу полесно да се погоди, отколку промаши. Бекот на Манчестер излезе сам пред домашниот голман, го помина голманот и пред себе го имаше празниот гол, но шутираше непрецизно, високо.

Во второто полувреме Самерсвил погоди за водство на Чеканите, а Касемиро израмни во 81 минута. Вест хем донесе голема радост на своите навивачи кога Бовен погоди од пенал.

Со 2:1 победи и Челзи на „Стемфорд бриџ“ против Њукасл. Џексон и Палмер погодија за лондонскиот тим, а Исак го постигна голот за гостите. Еден потег беше доволен за Кристал Палас да ги освои трите бода против Тотенхем. Матета погоди во 31 минута за радост на домашните фанови и на крајот тоа се покажа како доволно за освојување на трите бода.

 

- Оглас -

Најнови вести