Очекуван пораз на македонските јуниорки

Македонската женска јуниорска ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз во второто коло на Европското за играчи до 19 години. По вчерашниот пораз од Црна Гора, нашите надежи денеска беа поразени од силната селекција на Данска и тоа со 27:39.

Данска важи како еден од главните фаворити за медал на ова натпреварување, па очекуван е поразот на Македонија. Само во првите неколку минути беше рамноправно. Македонија поведе со 1:0, а потоа беше и 5:5. Потоа Данска го превзема водството и до полувреме стигна до пет гола предност (18:13).

На почетокот на второто полувреме Македонија се доближи само на три гола негатива (17:20), но тоа како да ги разлути противничките и со фуриозна игра стигнаа до двоцифрена предност и на крајот победија со 39:27.

Кај Македонија најефикасна беше Младеновска со 7 голови, Стефановска постигна шест, а голманката Јовановска имаше 9 одбрани. Кај Данска најефиканска беше Скаљиони со 11 голови, а Јохансен постигна 8 голови.

Македонија последниот меч во оваа групна фаза ќе го има в недела и тоа против репрезентацијата на Чешка.

- Оглас -

Најнови вести