Очекувана одлука на ФИБА – Македонија ќе игра претквалификации за Мундијалот во 2023 година

Кошаркарската репрезенатција на Македонија ќе мора да игра претквалификации, и тоа со старт од втората рунда за да се избори за учество во квалификацискиот циклус за настап на Мундијалот во 2023 година.

Очекувана е одлуката на ФИБА по неуспехот на избраниците на Александар Тодоров во квалификацискиуот циклус за настап на Евробаскетот што идната година ќе го организираат Германија, Италија, Чешка и Грузија.

Елиминацијата скапо ќе нè чини, па ќе мораме да играме претквалификации за Светското прврнство што за две години ќе се оддржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Во втората претквалификациска фаза ќе играат 12 репрезентации, а конкуренти ќе ни бидат, Австрија, Белорусија, Данска, Исланд, Летонија, Црна Гора, Португалија, Романија, Словачка, Шведска и Швајцарија.

Овие 12 селекции ќе бидат поделени во четири групи со по три репрезентации, а двете првопласирани ќе им се приклучат на 24-те репрезентации што ќе играат на Евробаскетот во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2023.

Тоа би значело дека ќе треба да се избегне последното место во претквалификациската група за да се стигне до место меѓу осумтте репрезентации од претквалификациите што ќе чекаат нови групи заедно со најдобрата 24-ка на Стариот Континент од Евробаскетот во 2022 година.

Ако Македонија успее да ги мине претквалификациите, ќе бие битка за 12 места што ги дава Европа за Мундијалот во Јапонија, Индонезија и Филипини за два години.

 

- Оглас -

Најнови вести