Очекувано – Челси му го враќа Игуаин на Јувентус

Планот на Маурицио Сари со Гонзало Игуаин е неуспешен, па Челси ќе го врати напаѓачот во старото јато, во Јувентус, од каде пристигна на „Стемфорд Бриџ“.

Според најавите на британските медиуми аргентинскиот репрезентативец нема да продолжи во Челси, каде играше како позајмен фудбалер од Јуве и по завршувањето на сезоната се враќа во Торино.

Игуаин и Сари соработуваа одлично во Наполи, а напаѓачот блескаше во редовите на наполитанците и во сезоната 2015/16 постигна неверојатни 36 голови на 35 натпревари.

Потоа за сума од 90 милиони евра што Јувентус му ги плати на Наполи во јули 2016 година Гонзало пристигна во Торино, во редовите на Старата дама. Одигра 73 натпревари со биланс од 40 голови, но беше пратен на позајмица во Милан, па во Челси.

Пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во јануари годинава, но немаше забележителен ефект и постигна само 3 гола на 13 меча за Челси во сите конкуренции.

- Оглас -

Најнови вести