Очекувано: Халанд е играч на годината во Премиер лигата

Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер сити, е прогласен за играч на годината во Премиер лигата, и тоа во сезоната во која неговиот тим ја освои титулата, а Норвежанецот ги собори сите можни рекорди.

Минатата сезона Халанд постигна 36 гола на 35 натпревари, а имаше фантастична сезона воопшто со 53 постигнати гола на 52 одиграни натпревари.

https://twitter.com/brfootball/status/1696618047824433381?s=20

„Чест е да се освои оваа престижна награда. Одлично е чувството да се биде препознат од вашите конкуренти и сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене“, изјави Халанд.

Халанд очекувано беше и во тимот на сезоната во Премиер лигата заедно со уште четворица соиграчи од Сити. Во тимот на годинава покрај Халанд, се најдоа и Родри, Џон Стоунс, Кевин де Бројне и Руен Дијаш.

Покрај играчите на Манчестер сити, во тимот на сезоната се најдоа уште и Арон Рамсдејл, Вилијам Салиба, Мартин Одегард и Букајо Сака од Арсенал, Кевин Трипие од Њукасл и Хари Кејн, кој го носеше дресот на Тотенхем.

https://twitter.com/PFA/status/1696610827820757378?s=20

- Оглас -

Најнови вести