Очекувано и експресно, раководството на Ватфорд го врати на кормилото шпанскиот тренер Кике Санчес Флорес, откако денеска му врачи отказ на Хави Гарсија.
Популарните Хорнетс имаа лош старт на сезоната, со три порази и само едно реми се последни во Премиерлигата, иако очекуваа висок пласман, па цехот го плати Гарсија и тоа со отказ.
Санчес Флорес беше тренер на Ватфорд во сезоната 2015/16 и имаше сосема солидни резултати, но неочекувано беше објавено дека двете страни ќе се разделат на крајот од сезоната. Сега повторно ќе соработуваат, а Кике ќе има тешка задача да го извлече Ватфорд од дното на табелата во најсилната англиска лига.