Со ангажманот на Лионел Меси, ПСЖ стана клубот кој ќе издвојува најмногу плати за играчи во сите колективни спортови на светот. Досега тоа беше Реал Мадрид, но составувањето на дрим-тимот во Париз ќе ги „олеснува“ Светците за дури 302,7 милиони евра годишно.
Тоа е цената што богатите сосптвеници на ПСЖ ќе мора да ја издвојуваат во наредните неколку сезони, откако доведоа ѕвезди како Рамос, Донарума, Вајналдум, Хакими и од вчера, еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси. А, треба да се споменат Нејмар и Мбапе, од претходно лидерите на францускиот вицешампион.
На оваа листа, Кралевите сега се најдоа на второто место со 250,7 милиони евра трошок за плати на играчите. Манчестер јунајтед е трет со 237,7 милиони евра, па следува Барселона со 230,6 милиони евра.
Американската бејзбол-франшижа ЛА доџерс издвојува 228,2 милиони евра годишно за плати, претпоследен на листата е НФЛ-гигантот Далас каубојс со 186,8 милиони евра, а на 10-тото место е НБА-франшизата Кливленд кавалирс со 185,6 милиони евра платен буџет.
Од фудбалските клубови, во топ 10 се уште Јувентус (220 милиони), Баерн Минхен (196,3 милиони) и Челзи (192,7 милиони евра).