Очекувано – Македонија падна за две места и е 64-та фудбалска сила на светот, Бразил е прв на ФИФА-листата(Фото)

Македонија падна за две позиции и сега е на 64-то место на новата ранг-листа на ФИФА што е објавена денеска.

Бевме на 62-рото место на претходното рангирање во март, а падот е најмногу поради поразот од Грузија во Лигата на нациите и ремито со Бугарија.

Бразил остана на лидерската позиција, пред Белгија и Аргентина, која сега е на третото место и ја смени Франција.

Триколорите, кои се актуелни светски прваци и ќе ја бранат титулата во Катар во ноември и декември, сега се четврти, а во Топ-5 место има и за Англија.

Потоа следуваат Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска како десет најдоброрангирани светски селекции.

 

 

- Оглас -

Најнови вести