Жозе Мурињо доби отказ во Тотенхем, објави британски „Телеграф“. Соработката е прекината, што и не е неочекувано со оглед на кризата и на лошите резултати на популарните Спарс.
Од Тотенхем се чека потврда на информацијата, а извесно време се шпекулираше дека ќе дојде до разделба меѓу Специјалниот и клубот од Лондон.
Тотенхем испадна во Лигата на Европа по сезнационалната елиминација од Динамо Загреб, а и заостанува во Премиер лигата во битката за првите четири позиции што носат настап во Лигата на шампионите.
Мурињо пристигна во Тотенхем во 2019 година, но ги немаше очекуваните успеси како во претходните клубови, особено во Порто и Интер, екипи со кои стана европски првак.