Очекувано, на берза паднаа акциите на Јуве дури за 24 проценти

Крахот против Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампионите крајно негативно влијаеше врз Јувентус и на берзите. Економскиот ефект е негативен, акциите на Јуве паднаа дури за 24 проценти, а клубот остана и без убавите премии кои ги доделува УЕФА.

Тоа што италијанскиот гигант не се најде меѓу четирите најдобри во Европа, ќе значи потенцијална загуба на 33 милиони евра. Ако влезеше во полуфинале, Јуве од УЕФА ќе добиеше награда од 13 милиони, а титулата носи 33 милиони.

Купувањето на Кристијано Роналдо беше знак за огромен раст на цената на акциите на Јуве, очекувањата беа огромни, а сега ќе трпат последици и малку ќе оди побавно планираниот развој. Клубот, кој дава големи пари и за плати на фудбалерите, веројатно оваа сезона ќе ја заврши со финансиски минус, проценуваат експертите.

- Оглас -

Најнови вести