Очекувано – Роналдо доби забрана само на еден меч

Одлична, но и очекувана вест за италијанскиот гигант Јувентус. Нивниот најскап играч, Кристијано Роналдо, ќе може да игра на средбата со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.

На своето деби во најсилното клупско натпреварување во Европа како член на Јувентус, Кристијано Роналдо на гостувањето кај Валенсија доби директен црвен картон, кој за многумина беше престрого покажан, па така УЕФА реши да го казни Португалецот со забрана за настап само на еден натпревар.

Роналдо нема да биде во составот на „старата дама“ на дуелот со Јанг бојс, па ќе треба да почека за да се појави во црно-белиот дрес пред торинската публика во ЛШ.

Но, за утеха ќе му се исполни големата желба да се врати на „Олд Трафорд“, стадионот во Манчестер, на кој се вивна во светските фудбалски ѕвезди. Во третото коло, Јуве му гостува на Манчестер јунајтед и Роналдо ќе може да игра. По добивањето на црвениот картон, Роналдо мислеше дека ќе добие поголема казна и почна да плаче од мака што нема да смее да настапи на „Театарот на соништата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести