Очекувано: Тајрон Лу е нов тренер на Лос Анџелес клиперс

Тајрон Лу е именуван за нов тренер на Лос Анџелес клиперс, а доаѓа на местото на Глен Док Риверс, чиј помошник беше ланската сезона.

Риверс беше главен стратег на клупата на Клиперс од 2013 година, но ланската сезона е оценета како неуспешна по елиминацијата од Денвер нагетс во полуфиналето во Западната конференција, па долгогодишниот тренер си замина.

Лу е 26-тиот тренер во клупската историја на Клиперс и е еден од ретките во НБА-лигата што има две титули како играч и една како тренер.

Со Лос Анџелес лејкерс ги освои двете како играч, а со Кливленд кавалирс беше првак како тренер.

- Оглас -

Најнови вести