Очекувавме добитни Квоти на денот, но Бентеке имаше други планови (видео)

Квотите на денот во Sport Life за денес ќе излезеа добитни со вкупен коефициент 13.8 доколку Брајтон издржеше да не прими гол во петтата минута од судиското надополнување, со кој Кристал палас триумфираше со 2-1.

На овој меч се чекаше евентуална победа на домаќините или реми со услов двете екипи да постигнат барем по еден гол. Резултатот беше 1-1 до 94-тата минута, кога тимот на Рој Хоџсон преку контранапад стигна до трите бода, а ударот на Бентеке беше само втор на Палас во рамките кон голот на Брајтон, доволен за важен триумф на тимот од јужен Лондон.

Останатите два понудени меча се погодени. Јувентус триумфираше со 3-0 против Кротоне за точен тип 1-1&2-5 со коефициент од 2.30, додека Севилја рутински славеше на гости кај Осасуна со 2-0 со типот Х2-2 за коефициент од 2.22.

- Оглас -

Најнови вести