Првите двајца носители на Вимблдон, Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ, денеска имаа кратка средба на еден од терените за тренинг.
Ѓоковиќ оди по својата осма титула на тревата во Лондон, утре во првото коло се среќава со Аргентинецот Педро Качин. Младиот Алкарас, кој е прв носител, напредуваше во играта на трева, а во вторник игра со искусниот Жереми Шарди.
Алкарас фаворитската улога му ја додели на Ѓоковиќ, за кого рече дека нема слаба точка, но нескромно и оптимистички најави дека се надева на финале против Србинот.
https://twitter.com/i/status/1675476086229016578