Од 16 екипи коишто играа во ЛЕ, дури 15 дадоа барем еден гол: ТСЦ Бачка Топола одигра нерешено со Олимпијакос!

Многу возбудувања и голови во мрежите речиси на сите екипи кои беа дел од мечевите од Лигата на Европа коишто досега се одиграа. Од осум меча, на седум беше ситуација гол-гол, односно двата тима да постигнат барем по еден погодок. Интересно е и тоа дека на шест од осумте средби на крајот имаше од 2-3 погодока, а шест завршија и со ГГ3+.

Наинтересно беше во Бачка Топола, каде што домашниот тим на ТСЦ одигра 2:2 против Олимпијакос. Грчкиот гигант водеше со 1:0 на полувреме, а потоа имаше предност и од два гола, но домашниот тим не се предаде. Во 63-тата минута Ѓаковац намали на 1:2, а во 90-тата минута ТСЦ Бачка Топола стигна до 2:2 со голот на Пантовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести