Од 19 век Манчестер јунајтед немал толку лоши резултати на „Олд Трафорд“

Нема крај на очајната серија резултати на Манчестер јунајтед. Најтрофејниот клуб во историјата на англиското првенство вчера повторно загуби од Брајтон на свој терен и тоа со 1:3.

Во 12 меча кои сезонава ги одигра на „Олд Трафорд“ во првенството, Манчестер загуби дури на шест, што е најлош биланс за клубот во период повеќе од еден век. По 12 одиграни средби на свој терен во првенството, Манчестер повеќе порази имал само во 1893-94 година, кога претрпел дури седум порази. Сега, по повеќе од 130 години пауза, првпат се случува тимот да има шест порази во 12 натпревари пред своите фанови.

По поразот од Брајтон, тренерот на Манчестер, Рубен Аморим беше многу револтиран и разочаран што дури изјави дека ова е можеби најлошиот тим на Манчестер јунајтед во историјата на клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести