Од 2012 година Модриќ постигнал 51 гол, а само еднаш загубил

Лука Модриќ даде гол во победата на Хрватска на гости кај Австрија (3:1), триумф со кој Коцкестите завршија на првото место во групата од Сегментот А во Лигата на нациите. Искусниот Модриќ е вистински лидер на теренот без разлика дали е тоа во националниот дрес или на клупско ниво во Реал Мадрид.

Неверојатна статистика покажува дека Модриќ кога ќе даде гол, тоа е гаранција дека неговата екипа нема да загуби. Од јануари 2012 година, додека уште играше за Тотенхем, започна една одлична серија на Модриќ. На 14 јануари 2012 година Модриќ даде гол за лондонскиот тим во ремито 1:1 против Вулверхемптон. Од тој момент, Хрватот има постигнато вкупно 51 гол, а само на еден меч кога ја затресол противничката мрежа, неговиот тим загубил.

Модриќ во изминатава декада има три гола за Тотенхем, 15 за хрватската репрезентација и дури 33 за Реал Мадрид. Единствено голот што го даде против Шахтар во групната фаза во 2020 година не беше доволен за неговиот Реал да се спаси од пораз (2:3). Тогаш беше прекината низата од 33 меча на кои Модриќ погодува, а неговиот тим не губи.

Неверојатен е фактот дека Модриќ кога погодувал во овој период, неговиот тим победил дури на 46 средби, четири завршиле нерешено, а пораз е само тој од Шахтар. Едноствно, головите на Модриќ се „рецепт“ за успех.

- Оглас -

Најнови вести