17.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Од 2024 година, може да има дури шест англиски екипи во Лигата на шампионите?

Некои англиски медиуми објавија интересна вест и, според нив, има шанса од 2024 година во фудбалската Лига на шампиони да има дури шест тимови од Премиер лигата.

УЕФА се обидува најсилното клупско натпреварување да го направи поатрактивно за големите клубови и со тоа да му парира на проектот за создавање на Европска суперлига која ја застапува Светската федерација ФИФА. Планот на УЕФА е бројот на учесници во групната фаза на ЛШ да се зголеми на 36.

Во моментов, Англија, Шпанија, Италија и Германија имаат по четири тима, а со новиот систем, дополнителни две места ќе добијат клубовите со најдобар коефициент, а кои не се пласирале во групната фаза. Коефициентот ќе се оформи врз база на резултатите во еврокуповите во последните пет години.

Во моментов сите тимови од големата шестка на Премиер лигата се во топ 15 на ранг-листата на Европа, што значи дека теоретски е можно во ЛШ во иста сезона да играат Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челзи, Тотенхем и Арсенал. За целта да се оствари, треба четири од нив да бидат на првите четири места во Премиер.

Според новиот формат, кој требва да стапи во сила во 2024 година, секој тим ќе изигра најмалку по 10 меча, по пет дома и на гости, а 16-те најдобри, како и сега, продолжуваат во елиминациската фаза. Дали овој предлог ќе се прифати, ќе се знае на Конгресот во април 2021.

- Оглас -

Најнови вести