Од 50-тина кошаркари во понудата на Sport Life, сигурно може да погодите неколку дали ќе одат во плус или минус

Денеска на Евробаскетот се игра последното коло од групите Ц и Д, по што ќе се знаат сите осминафинални парови, а Sport Life подготви листа од 48 кошаркари за кои може да се обложите дали ќе постигнат повеќе или помалку поени од поставената хендикеп граница.

Прв стрелец на првенството е Јанис Адетокумбо со просек од 31 поени по меч, а за денешниот меч на Грција против Естонија, од Јанис се бара да постигне над 18,5 поени.

Се очекува и поентерски дуел на Бојан Богдановиќ од Хрватска против Свјатослав Михаиљук од Украина, кај двајцата хендикепот е 17,5 поени.

Финците во голема мерка се потпираат на Лаури Марканен кој има просек од 25,5 поени по меч. За дуелот со Холандија, треба да погодите дали Марканен ќе даде над или до 25 поени. За ниту еден играч играч не е толку високо поставена границата.

Од Јанис Адетокумбо се бараат барем 19 поени против Естонија, за Никола Јокиќ против Полска предизвик се 20 поени, Симоне Фонтекио кој е седми стрелец на првенството, има задача против Велика Британија да уфрли 18 или повеќе, итн.

- Оглас -

Најнови вести