5154 Сејшели – Габон (15 ч.)
Сејшели се убедливо најслабата селекција во оваа група во африканските квалификации за пласман на Светско првенство 2026 година. За разлика од нив, Габон е во трка за првото место кое води пласман на завршницата на Мундијалот.
Токму затоа Габон е апсолутен фаворит за победа. Сејшели примија 30 гола во шест средби, што е просек по пет примени гола на меч.
Предлог тип: 2-2&2-5 (1.81)
2852 Миделфарт – Силкеборг (17 ч.)
Миделфарт е тим кој од третата влезе во втората лига на Данска, но таму во осум меча нема ниту една победа (пет ремија и три порази), па е последен на табелата. Од друга страна, ниту Силкеборг не може да се пофали со добри резултати и има само две победи во седум меча во елитното друштво, па е на претпоследната позиција.
Одбраната е послаб дел на двата тима, а сакаат да играат офанзивно, па тука може и да се очекуваат повеќе погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 3+ II (1.76)
4801 Енвигадо – Милонариос (22 ч.)
Осминафинале во Купот на Колумбија, а ова е дуел на две екипи кои во првенството освоија по седум бода во првите осум кола, па се во долниот дел од табелата.
Милонариос влезе во добар ритам и спои две победи, па гостите се полни со самодоверба. Во последните два меча кои се играа во 2025 година, Милонариос победи со 2:1 на гости и 1:0 дома, што значи дека и сега се благи фаворити.
Предлог тип: Х2&0-2 (1.86)
3227 Арсенал Тула – СКА Кабаровск (19 ч.)
Дуел на две екипи кои во последните три сезони водат битки во Втората руска лига. По седум кола сезонава, двете екипи се во средината од таблата, Арсенал има 10, а СКА е со девет бода.
Интересно е дека на шесте меча од последните три сезони, на пет дуели победувала домашната екипа. Трипати тоа било само со еден гол, што е најава дека тука не може да се очекува да има голеада.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.86)
3226 Торпедо Москва – УФА (18 ч.)
Две екпи кои мака мачат да постигнат гол. Торпедо се израдува само на три погодоци во седум меча, а УФА има седум погодоци во исто толку дуели. Многу често пресметките на овие два тима завршуваат без победник, а ако се знае дека ова е пресметка од Купот, калкулациите се двојно поголеми и ќе бидат многу попретпазливи.
Предлог тип: Х (3.55)