Од Ајакс уште тврдат дека во Јуве биле допингувани во 1996

Поранешниот менаџер на тимот на Ајакс, Давид Ендт, тврди дека клубот од Амстердам сака одмазда против Јувентус за поразот во финалето на Лигата на шампионите од 1996 година, особено што „бјанконерите“ на тој меч во Рим пред 23 години, како што вели Ендт, можеби биле допингувани.

Во таа 1996 година, Јуве на пенали го совлада Ајакс, откако средбата по 120 минути игра заврши со резултат 1-1. Тоа е последната европска титула за „старата дама“, која можеби е проколната од Холанѓаните.

„Јуве е фаворит во ова четвртфинале, нема дилеми околу тоа, но со бескомпромисната природа на Ајакс и фудбалот кој го игра, сè е можно. Имаме и мотив за реванш. Кога игравме со Јуве во финалето во Рим, тие веројатно беа допингувани. Никој не ја знае вистината, но тој пораз боли и со цела почит кон противникот, ќе ни биде причина плус да ги победиме“, изјави Ендт, кој до 2013 беше во раководството на Ајакс.

Сомнежите дека играчите на Јуве биле допингувани се подгреаја кога се појави шпекулација дека тимскиот лекар им дал стимулативни средства без знаење на клубот.

- Оглас -

Најнови вести