Од Арсенал признаа дека требало да има пенал за Ливерпул

Ливерпул и Арсенал одиграа 1:1 во дербито на Премиер лигата кое беше дирекна борба за првото место на табелата. Гостите од Лондон се позадоволни со ремито затоа што ја задржаа предноста од еден бод пред Ливерпул, па Топчиите како лидери ќе го дочекаат католичниот Божиќ.

Арсенал прв даде гол, а потоа Ливерпул доминираше во поголем дел од дуелот и израмни на 1:1 во првото полувреме. Пред крајот на првиот дел се случи спорна ситуација кога капитенот на гостите Мартин Одегард играше со рака во сопствениот шеснаесетник и попречи топката да дојде до Мохамед Салах.

Домаќините бараа пенал, но главниот судија, но и арбитрите во ВАР собата не реагираа. По мечот, дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба беше прашан за спорниот момент, а играчот на Топчиите потврди дека требало да има пенал за Ливерпул.

„Да, секако. Тоа беше пенал, но јас не сум судија. Арбитрите се тие кои требаше да досудат пенал“, рече Салиба.

Ова е втора сериозна грешка на штета на Ливерпул сезонава, откако пред неколку кола, во дербито против Тотенхем кога судиите од ВАР собата неправедно поништија погодок на тимот предводен од Јирген Клоп.

- Оглас -

Најнови вести