Од Арсенал зависи дали Англија ќе има и 7 тима во ЛШ во следната сезона

Речиси половина Премиер лига ќе игра во европските купови во следната сезона. Блиску сме до сценарио според кое дури 9 или 10 тима ќе ја претставуваат Англија во трите европски натпреварувања.

Како што стојат работите во моментов, Англија има гарантирани пет места во Лигата на шампионите, а веројатно ќе бидат и шест, доколку Манчестер јунајтед или Тотенхем ја освојат Лига Европа што е повеќе од извесно.

Во Лига Европа треба да одат два тима, тоа се шестиот од Премиер лигата и победникот на ФА купот (ако биде Кристал Палас) или седмопласираниот од првенството. Во Конференциската лига оди седмиот или осмиот од Премиер лигата.

Теоретски, можно е Англија да има дури седум тима во ЛШ. За тоа да се случи, треба Арсенал да стане европски првак оваа сезона, а во Премиер лигата да заврши на петто место. Секако треба да се исполни и условот Манчестер или Тотенхем да триумфира во ЛЕ.

За да има Англија неверојатни 10 клуба во еврокуповите, треба Челзи да ја освои Конференциската лига, но во Премиер лигата да заврши под седмо место или надвор од топ 6 ако Кристал Палас го освои ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести