Од Баерн ја искоментираа одлуката на Фрајбург да се жали и да бара службена победа

Откако Фрајбург вложи жалба за грешката која ја направија од Баерн Минхен, кога 17 секунди имаа 12-мина фудбалери на теренот, се јавија и Баварците, кои можеби ќе останат без трите бода кои ги освоија викендов, а Фрајбург ќе добие службена победа.

Баерн во саботата славеше со 4-1, но поради административната грешка, може да остане без победата. Забуната беше направена кога Коман не излезе од игра, а требаше, иако при измената не беше покажан неговиот број на дрес. Од Фрајбург прво велеа дека нема да се жалат, но се премислија.

Оливер Кан, кој е извршен директор на Баерн, порача дека не се изненадени што Фрајбург се жалел.

„Не сме изненадени. Имаат право на жалба, па сега спортската правда треба да победи. Имаме доверба во судот, се надеваме на најдобро“, рече Кан.

- Оглас -

Најнови вести