ПСВ Ајндховен го промовира холандскиот вундеркид Чави Симонс, кој се обврза на договор до 2027 година. Симонс пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ, каде што се развиваше во изминативе три години.
Офанзивниот играч за врска важи за еден од најголемите таленти до 19 години, потекнувајќи од култната школа „Ла Масија“ на Барселона. Симонс во изминатата сезона доби шанса во првиот тим, одигра 11 меча за Светците без да забележи деби-гол, а оствари само една асистенција.
Шампионот на Франција се обиде да го задржи, но целта на Симонс е да игра за екипа во која може да биде стартер, додека конкуренцијата во ПСЖ не му остави простор да се наметне.
2⃣0⃣2⃣7⃣#TheXaviWay https://t.co/1Wm1fWS0ae pic.twitter.com/dv8O2T0NmG
— PSV (@PSV) June 28, 2022