Од Барселона открија зошто Агуеро мораше да заврши во болница

Барселона синоќа повторно ги разочара своите фанови откако одигра само 1:1 на „Камп Ноу“ против Алавес и продолжи со очајните игри, дури и по смената на тренерот Роналд Куман.

Освен двата гола, на стадионот се случи еден немил настан. Во 41 минута, Серхио Агуеро наеднаш се фати за градите и за вратот, покажувајќи дека не може да дише. Напаѓачот на Барселона потоа падна на теренот, а лекарите брзо реагираа и го изнесоа од теренот.

Агуеро веднаш бил пренесен во болница, а од Барселона објавија детали околу целиот настан. Фудбалерот почувствувал болки во градите и се пожалил на тешко дишење, па затоа морало итно да биде пренесен во болница. Уште вечерва му биле направени сите кардиолошки тестови, а во текот на денешниот ден се очекуваат да излезат и резултатите и да се знае дали Агуеро има некој сериозен здравстен проблем.

 

- Оглас -

Најнови вести