Од Барселона признаа: „Контактираме со Меси“

Договорот на Лионел Меси и ПСЖ завршува на крајот од сезонава, преговори за нов договор има, но потпис сè уште нема. Од каталонскиот клуб денес првпат се изјаснија во врска со Меси, а потпретседателот рече:

„Контактиравме со тимот на Меси. Лео знае колку го цениме и сакам да се врати во Барселона. Бев вклучен во преговорите пред две години и добро се сеќавам колку му беше тешко да си замине. Сигурен сум дека Меси ја сака Барселона и се надевам дека ќе ги пронајдеме вистинските услови за продолжување на неговата приказна во Барса.“

Меси во екипата на ПСЖ оваа сезона одигра 32 натпревари, постигна 18 гола, а имаше и 17 асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести