Од Барселона сега се подготвени и го молат да остане Меси, но веќе сè е џабе

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, сега сака да има состанок со Лионел Меси и да разговара за евентуално останување на Аргентинецот на „Камп ноу“. Според пишувањата во шпанските медиуми, првиот човек на клубот имал разговори со генералниот директор, техничкиот секретар и спортскиот директор, по што било одлучено да не се продаде најдобриот фудбалер во историјата на клубот.

Бартомеу ќе сака да се обиде да го убеди Меси дека најдобра опција за Аргентинецот е да остане во клубот во кој ја помина целата досегашна кариера и каде што ги освои сите највредни тимски, но и индивидуални признанија. Сепак, тешко дека Меси ќе се согласи на разговори, посебно ако се знае дека аргентинскиот виртуоз добил предупредување од новиот тренер Роналд Куман дека ќе ги загуби сите приоритети коишто ги имал како играч.

Актуелниот договор на Меси со Барселона истекува во јуни 2021 година, но капитенот побара заминување од клубот во овој преоден рок. Манчестер сити се споменува како најсериозен фаворит за потписот на Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести