Денешните квоти на денот кои ги нуди Sport Life, нудат три фудбалски натпревари, поединечно сите три коефициенти се над 2.00, а вкупната квота изнесува 9.87.
АИК го пречекува Калмар во шведската прва лига, а тука домашните се фаворити и прогнозата е дека нема да загубат, со додаток дека ќе паднат 2-4 гола. За овој предлог, квотата во Sport Life е 2.05.
Идентична ваква квота од 2.05 има и за дуелот од белгискиот Суперкуп помеѓу Клуб Бриж и Гент. Во битката за пехар, се предлага да типувате оти во првото полувреме ќе падне барем еден гол, а дека после 90 минути игра, Гент нема да победи.
Одлична квота од 2.35 се нуди за градското дерби помеѓу Њујорк Ред Бул и Њујорк сити од МЛС лигата. Квотата се однесува на играта дека Црвените бикови нема да загубат, и дека двата тима ќе дадат гол.
Сите три натпревари може да се играат во најразлични варијанти со сите останати игри од билтенот и дневниот додаток на Sport Life.