10.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Од Бенфика објавија видео како демант: „Играчите на Реал беа далеку“

Не стивнуваат реакциите по синоќешниот дуел помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, кој беше прекинат десеттина минути наводно поради расистички навреди кон Винисиус од страна на домашниот фудбалер Џанлука Престијани.

Од Бенфика на социјалните мрежи објавија видео на кое се гледа моментот кога Аргентинецот го става дресот врз устата, но и со интересно тврдење: „Како што може и да се види, поради дистанцата, фудбалерите на Реал Мадрид не ни можеле да го слушнат тоа што тврдат дека го слушнале“.

УЕФА покрена истрага, ќе се земат изјави од главните актери Престијани и Винисиус, како и од сведоци како Мбапе. Ако се утврди вина на Аргентинецот, може да добие суспензија и од најмалку десет натпревари.

- Оглас -

Најнови вести