Струга Трим Лум со позитива од 1:0 вечерва ќе излезе на теренот во Подгорица на реваншот против Будуќност во рамките од второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Актуелниот македонски првак доволно е да не загуби за да го продолжи европското лето, но од Будуќност најавуваат дека ќе се обидат да ја анулираат негативата.
„Конечно мораме да се покажеме во вистинско светло пред нашите навивачи и целата црногорска јавност. Мислам дека доста беше бламирање. Мораме да го дадеме максимумот. Секако дека верувам дека може да поминеме понатаму. Ако не веруваме дека можеме, воопшто не треба да играме, но воопшто нема да биде лесно. Треба да бидеме стрпливи. Со еден гол предност имаме продолженија. Не треба да напаѓаме по секоја цена“, вели капитенот на Будуќност, Петар Грбиќ.