Од четири меча, прогнозерите направија квота од 15.5

По девет одиграни меча во ова коло на Спортска прогноза, само двајца прогнозери се во трка за вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life, односно со шанса да погодат 12 од 13 пара.

За денеска има четири меча од понудата, што е доволно да се креира еден интересен тикет според тоа како прогнозерите сметаат дека ќе завршат средбите. Во Европската елитна лига за селекции до 20 години се игра дербито меѓу Португалија и Германија. Само 12,5 отсто очекуваат победа на Португалија, па затоа тука е најдобро да се одигра двознак, и тоа Х2.

Данска е перфектна во квалификациите со девет победи и сега гостува кај Шкотска во обид да заврши со 10 од 10. Над 62 отсто веруваат дека Данска ќе победи.

Победата на Полска против Унгарија денеска треба да е најсигурна затоа што дури 92 отсто очекуваат „кец“. Во шпанската втора лига се игра интересен меч меѓу Малага и Тенерифе, а прогнозерите предност даваат на домаќините, и тоа со 70 отсто дека ќе победи Малага.

6207 Португалија У20 – Германија У20     Х2    1.42

6843 Шкотска – Данска                            2      2.27

1604 Полска – Унгарија                            1      1.75

1321 Малага – Тенерифе                          1      2.75

——————————————————————

Вкупен коефициент                                      15.51

- Оглас -

Најнови вести