35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Од дебито на Облак, не се случило Атлетико двапати во едно полувреме да ја вади топката од мрежа

Со сигурните 4-0, Баерн Минхен со победа ја почнa одбаната на титулата во Лигата на шампионите, и тоа во дербито против Атлетико Мадрид. Ханси Флик може да биде задоволен од своите избраници, со оглед на тоа дека двапати ја пробија одбраната на цврстите Јорганџии во првото полувреме.

Атлетико Мадрид од септември 2014 година, поточно од поразот од Олимпијакос со 2-3, нема примено два погодоци во едно полувреме во улога на гостин во европски меч. Коман и Горецка двапати ја затресоа мрежата на Облак, кој пак токму во средбата против грчкиот тим дебитираше за Атлетико на европската сцена.

Домаќините имаа предност од 2-0 од првиот дел, а во второто полувреме европскиот првак постигна уште два погодоци за убедлив старт на континенталниот владетел.

- Оглас -

Најнови вести